Аница Солева
Објавено: понеделник, 26 ноември 2007
Тоше не сакаше да има професионален возач.Не му требаше ни обезбедување. Можете ли да помислите дека му требаше обезбедување на човек што делеше толку многу љубов?
Менаџерката на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, која ја преживеа трагичната несреќа на 16 октомври, кај Нова Градишка, се изолира од јавноста и изминатите четириесет дена ги помина во молитви за упокојување на неговата душа. Додека закрепнуваше од шокот и од големата загуба во својот апартман во Злокуќани, некои медиуми во Македонија и во Хрватска ја бомбардираа со обвинувања дека несоодветно се грижела за својот ексклузивец, дека му се мешала во приватниот живот, дека го преоптоварила со обврски, дека ги украла парите од договорот за новогодишниот концерт во Будва... Лилјана во моментите на тага не одговори на ниту едно обвинување и воопшто не се појави во јавноста, но порача дека за сите прашања ќе одговори по четириесетдневниот помен на Тоше. Ексклузивно за „Дневник“, таа ги открива деталите од последното патување на Тоше Проески.
* Четириесет дена јавноста трага по вистината што се случи утрото на 16 октомври. Во меѓувреме во јавноста се пишуваше се\' и сешто за причините за несреќата. Возачот Ѓорѓи Георгиески изјави дека се сеќава на се\', но за тоа ќе проговори на суд. Тој изјави дека вие сте биле будни во моментот на несреќата и непосредно пред тоа сте му понудиле да го замените ако е изморен?
- Четириесет дена е период во кој кај сите се мешаат разни чувства - неверување, бес, лутина, жал... Потоа ни останува само болка и тага... Можеби ни тогаш не сме способни правилно да ја согледаме ситуацијата... Кога се случуваат вакви работи, ако погледнеме во себе, делот од вината што ја чувствуваме се трудиме што побргу да ја префрлиме на некој друг. Јас не обвинив никого. Со Ѓоле разговаравме на последната бензинска пумпа каде што застанавме. Тој застана да наточи гориво и донесе две кафиња, за мене и за него. Тоше само рече дека не сака да пие кафе и продолжи да спие. Го прашав Ѓоле дали е изморен и дали сака да го заменам. Рече дека не е. Го испи кафето и продолжи да вози. Во тој момент ја фрлив штотуку запалената цигара, го оставив моето кафе недопиено и го затворив прозорот за да не му пречи на Тоше. Имаше малку простор на седиштето и бев во згрчена положба со главата кон седиштето. Продолжив да дремам и заспав.
* Очевидците на местото на несреќата велат дека постојано сте викале да го извадат Тоше и да го спасат, но во ниеден момент не сте го спомнала Ѓоле. Дали во тој момент зн?евте дека Тоше веќе не е жив?
- Ме разбуди ударот, но не бев свесна што се случува. Веднаш почувствував како се вртиме со џипот, по што паднав меѓу седиштата, а веднаш потоа почувствував уште еден удар. Се извлеков и почувствував болки во ребрата. Но, кога го видов џипот и Тоше во лежечка положба, заборавив на болката, излетав надвор и отидов од неговата страна. Не видов дека е повреден по телото. Раката му беше топла, па почнав да викам по него. Видов дека е притиснат со лим и почнав да го туркам лимот за да го извадам. Кога сфатив дека тоа не е можно, истрчав на автопатот за да запрам возило и да побарам помош. Во тој момент не чувствував никаква болка од ударот. Единствено што сакав е да го извлечам Тоше. Поминуваа возила со голема брзина, но никој не застануваше. Ја отворив вратата за да го повикам Ѓоле да дојде и заедно да му помогнеме на Тоше. Тогаш сфатив дека тој е во бесознание и дека не може да ми помогне. Повторно истрчав на автопатот да барам помош. Нека ми прости Господ, но на Ѓоле помислив дури кога ме внесоа во возилото на Брза помош и кога го видов повреден и во бесвесна состојба.
* Лекарите во болницата велат дека не можеле да Ве смират откако сте виделе како го внесуваат мртвото тело на Тоше во капелата. Постојано сте го повикувале Господ да ве земе и Вас заедно со Тоше, затоа што само него сте го имале...
- Во болницата ми кажаа дека сум лесно повредена и дека треба да примам инјекција. Откако ми дадоа две инјекции, ги замолив да излезам за да го чекам Тоше. Сакав да му помогнам и да ми кажат колку е повреден. Постојано ги прашував да ми кажат кога ќе го донесат со возилото на Брза помош, а тие ме прашуваа дали сакам некому да се јавам. Реков дека го памтам само бројот од мојата асистентка и побарав да и\' се јавам за да дојде по нас. Кога ја добија на линија, слушнав како и\' велат дека Тоше не преживеал и дека ние сме повредени. Не можев да поверувам во тоа шо го слушнав и барав да го видам. Потоа не се сеќавам многу добро што се случи, но видов многу познати лица покрај мене, кои пристигнале веднаш по несреќата.
* Жупанискиот јавен обвинител Степан Харамустек на денот на несреќата го обвини возачот дека заспал затоа што бил изморен и дека не држел соодветно растојание. Два дена потоа Андријана Будимир, девојката на Тоше, во интервју за хрватски весник тврдеше Тоше возел се\' до границата помеѓу Србија и Хрватска, а таму го заменил Ѓоле.
- Ѓоле возеше цело време, уште кога ме зедоа од наплатната рампа „Најс“ крај Ниш. Тогаш Ѓоле беше на возачкото место, па верувам дека од Скопје возел тој. Тоше го болеше ногата и цело време му беше полуспуштено седиштето. По првата бензинска пумпа го спушти целосно до крај за да може убаво да ја оптегне повредената нога. Што се однесува до изјавите на другите, не чувствувам потреба да коментирам.
* Другарите на Ѓоле велат дека тие постојано се нуделе да го возат Тоше бесплатно, но Вие секогаш сте биле против. Дури и пред последното патување настанала расправија помеѓу Вас и Тоше затоа што не сте сакале Ѓоле да вози. Зошто ви пречеа Ѓоле и другарите?
- Другарите на Ѓоле никогаш не биле наши другари и апсолутно не се дружеа со нас. Некои од тие луѓе сум ги видела два пати во животот, а некои никогаш. Никогаш не го возеле, ниту го обезбедувале Тоше и многу ме интересира зошто по само ден од несреќата давале такви изјави и тоа во Хрватска. Што се однесува до Ѓоле, тој беше, пред се\', пријател на Тоше, а јас не се мешав многу во неговиот приватен живот. Во последниот период се дружеа многу. Против Ѓоле приватно никогаш не сум имала против, меѓутоа на секое патување одевме службено, а кон него не можев да се поставам ниту приватно ниту службено. Често бев во незгодна ситуација, особено што Тоше поголем дел од времето го поминуваше во хотелската соба, а јас најчесто бев на деловни состаноци. Секогаш инсистирав Тоше да ги оддели своите приватни дружења од службените.
* Вие и Тоше секаде патувавте сами. Тоа го потврдуваат сите што ве познаваа, но никој не знае зошто. Во деновите кога македонската јавност тажеше поради смртта на својата мегаѕвезда се поставуваа илјадници прашања, а најчесто зошто Тоше немаше професионален возач и обезбедување?
- Најмногу сакавме да патуваме сами, затоа што тоа го правевме успешно цели 5 години. Како и секој долгогодишен возач, најсигурно се чувствував кога возев јас или Тоше, зашто тој беше многу сигурен како возач. Искуството со професионалните возачи не ни беше омилено, затоа што не бевме никогаш доволно опуштени. За нас, тие луѓе беа странци, пред кои не можевме слободно да разговараме и речиси никогаш не се чувствувавме доволно сигурни за да заспиеме. Тоа на Тоше му пречеше и не сакаше професионални возачи, особено што тие патувања му изгледаа бесконечно долги. Последните пет-шест месеци вршеше притисок да го вработиме Ѓоле и да патува со нас. Јас се спротивставував на тоа. Сметав дека тоа ќе пречи на неговиот имиџ, затоа што коментарите од неговите фанови и соработници не беа убави. Го доживуваа како негово обезбедување, а не како негов другар. Но, Тоше никогаш не трпеше наредби и последниот збор секогаш беше негов. Што се однесува до обезбедувањето, „Аворд“ му го овозможи тоа преку агенцијата „Пантерс примус“, но јас и Тоше сметавме дека тоа не е потребно и дека негативно ќе влијае на неговата кариера. Не гледав причина Тоше да има обезбедување. Тој беше миленик на сите, а најмногу на децата. Беше мисионер, човек што делеше љубов, а притоа беше навистина скромно момче. Можете ли да помислите дека му требаше обезбедување на човек што делеше толку многу љубов? Зошто обезбедување? Не сме имале проблеми со никого, ниту закани ниту долгови... На големите концерти имаше регуларно професионално обезбедување, исклучиво поради масата обожаватели.
* Зошто моравте да патувате ноќе? Не можевте ли да тргнете наутро или со авион? Се шпекулираше дека сте имале в џеб авионски билети за Загреб, но во последен момент сте одлучиле да патувате со автомобил...
- Тоше не сакаше да патува со авион. Секогаш кога дестинацијата дозволуваше, тој настојуваше да патуваме со автомобил. Јас повеќе сакав да патуваме со авион. Многу често прифаќаше авионски лет ако јас се чувствував уморно или ако не ми беше добро. Сакав и овој пат да одиме со авион и ја замолив мојата асистентка Симона да резервира авионски билети. И се јавив во понеделникот околу 10 наутро. Откако провери, ми рече дека во вторник нема авионски лет за Загреб. Се\' уште не можам да сфатам зошто овој пат инсистирав на авион.
Тоше, како и секој уметник, имаше биоритам приспособен на тој тип работа. Заспиваше многу доцна, околу 3-4 часот наутро, а се будеше околу 12 часот. Ноќите му беа идеални за создавање музика. Секое будење во 6 часот наутро, кога моравме да патуваме со авион, му беше огромен напор и за него значеше неспиење цела ноќ. Исто така, никогаш не сакаше да отпатува еден ден порано. Сакаше што повеќе да биде дома. По секој концерт или настап сакаше да се спакуваме и веднаш да заминеме дома. За него, секој ден повеќе на пат без обврски значеше губење од неговото време, кое сакаше да го помине најчесто со семејството. Сакаше да тргне навечер, да вози неколку часа, а потоа најчесто околу 3 часот се менувавме во возењето. Потоа заспиваше и се будеше пред хотел.
* Еден ден по несреќата, кога екипата на „Дневник“ го посети Ѓоле во болницата во Нова Градишка, неговите другари во болничката соба ни ја покажаа вашата „фамозна“ торба, од која подоцна беше објавено дека ви бил украден договорот за новогодишниот настап на Тоше во Будва. Како е можно неколку дена подоцна торбата да ви биде вратена, а договорот да биде искористен за да Ве обвинат во некои медиуми дека сте ги украле парите?
- Пред се\', сакам да кажам дека полицијата и персоналот во болницата во Нова Градишка се однесуваа исклучително коректно и правеа се\' што можеа за да ни помогнат. Докторката Тереза ме однесе во посебна просторија и остана со мене дури и по завршувањето на своето работно време, се\' до моето заминување. Дури повика и адвокат, кој со моите соработници од Скопје што стигнаа по несреќата, замина во полиција, ги подигна личните работи и ми ги донесе во болница. Сите работи ми ги покажаа и беа таму. Но, кога ги видов работите на Тоше, се онесвестив и ме внесоа внатре. Моите соработници и пријатели ги однесоа торбите во автомобилот со кој требаше да се вратам, а работите на Ѓоле во неговата болничка соба. По грешка, мојата торба ја замениле со неговата црна торба, во која имал документи и телефон. Така, мојата торба се нашла во собата на Ѓоле, а неговата кај нас во автомобилот. Два дена откако Ѓоле стигна во Скопје, двајца од четворицата негови другари што беа во Хрватска во првите денови по несреќата ми ја донесоа торбата дома. Ги прашав каде беше торбата - ми рекоа дека ја зеле од болничката соба на Ѓоле во Скопје. Нешто ми беше сомнително. Кога заминаа, ја отворив торбата и видов дека го нема договорот што го потпишавме пред еден месец кога имавме промоција на новиот албум на Тоше во Будва. Во ситуацијата во која бев, тоа не ми значеше ништо. Но, потоа беше изрежирано најморбидното сценарио што човечко суштество може да го направи. Заканите и притисокот се\' уште траат. Измонтираа случај од нешто сосема легално. Тоа беа пари на Тоше, на бендот и за патни трошоци. Данокот беше платен во Црна Гора, така што можеа сами да си одлучат каде ќе ги префрлат парите без дополнителни обврски. Договорот ми требаше за да одам во банка за да ги распределам парите на нивни сметки. За жал, поради несреќата не стигнавме никаде. Со согласност од семејството на Тоше парите ги вративме во Будва. Се надевам дека целиот случај ќе го расветлат надлежните органи, а за тоа веќе поднесов кривична пријава.
* Во последното интервју, Тоше призна дека е многу изморен, но дека веќе влегол во машината и не можел да излезе. Што го оптоваруваше? Кои се тие „сенки“ што го следеа, на кои се пожали?
- Тоше бескрајно сакаше да пее и уживаше во секој миг кога пееше. Многу тешко му паѓаше тоа што мораше да оди по интервјуа и снимања, а многу го нервираше што никој немаше разбирање за него ако е болен, изморен или ако не може да оди. Изморен беше од постојаните бојкоти по целиот Балкан ако се појавеше на една телевизија, а не на друга или ако дадеше интервју во еден весник, а не во друг. Беше под огромен медиумски притисок. „Сенките“ што го следеа беа невистините со кои медиумите ги зголемуваа своите тиражи, а некои луѓе се трудеа да ни го отежнат патот. Затоа и најомилена песна му беше „Цреша“, која ја сметаше за автобиографска.
* Дали имаш грижа на совест што го внесе во таа машинерија?
- Во машинеријата не го вовлеков јас, туку музичката машинерија. Јас му бев штит и затоа токму сите удари беа повеќе насочени кон мене, отколку кон него. Се\' почесто му беше жал за тоа и затоа се\' почесто го истакнуваше.
* По се\', дали ќе останеш во Македонија? Имаш ли овде повеќе непријатели отколку пријатели?
- Тоше многу ја сакаше Македонија. Ме научи и мене да ја сакам и да ја чувствувам како своја. Живеев нормален живот и се движев во круг на обични луѓе. Се чувствував како дома. Малиот број непријатели за кои зборувате, јас и Тоше ги имавме и кога работевме заедно, но и сега кога Тоше го нема. Постојано се тука и навикнав на нив. Апсолутно не размислувам што понатаму, но едно сигурно знам - по Тоше, за мене не постои музика. За мене беше еден и единствен и тоа ќе остане.
(Утре: Каков беше Тоше во приватниот живот, што се смени кај него по патувањето во Израел, духовната врска меѓу менаџерката и пејачот...)
Ненад Мирчевски
Извор: Дневник

Tweet |